Прескокни кон содржина

Политика за приватност

Последна измена: 08.11.2026 г.

Друштво за трговија и услуги МАРПАРТС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (MARPARTS), со седиште на ул. Митре Влаот бр. 19а, Аеродром, Скопје, ЕМБС 7972873, ги обработува личните податоци на корисниците на marparts.mk во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и применливите прописи на ЕУ (GDPR), онаму каде што е применливо.

1. Кои податоци ги собираме

  • Идентификациски податоци: име, презиме, email адреса, телефонски број.
  • Адреса за достава и, по потреба, адреса за фактурирање.
  • Податоци поврзани со нарачки: производи, вредност, статус на плаќање и достава.
  • Технички податоци: IP адреса, тип на уред и прелистувач, колачиња (види Политика за колачиња).
  • При нарачка се зачувуваат и IP адресата и прелистувачот од кој е направена, заради безбедност на плаќањето и спречување измами.
  • При плаќање со платежна картичка, податоците за картичката ги внесувате директно на заштитената страница на банката / процесорот на плаќања. MARPARTS не ги гледа и не ги чува броевите на картичките.

2. Цел на обработка

Податоците се обработуваат со цел: извршување на нарачки и договори за продажба, комуникација со корисникот, подобрување на услугата, спречување на злоупотреба и исполнување на законски обврски (сметководство, даночни прописи).

3. Правна основа

Обработката се темели на извршување на договор (нарачка), законска обврска, легитимен интерес на MARPARTS (безбедност, спречување измами) и, каде е потребно, согласност на корисникот (на пр. за маркетинг комуникација).

4. Споделување на податоци

Личните податоци може да се споделат со трети страни исклучиво заради извршување на нарачката: достава-курирски служби, оператори за онлајн плаќање и сметководствени/правни услуги. MARPARTS не ги продава личните податоци на трети страни.

5. Чување на податоци

Податоците се чуваат само толку долго колку што е потребно за исполнување на целите наведени погоре, односно согласно законски пропишаните рокови за чување на сметководствена и деловна документација. Податоците за нарачките (вклучително купувач, адреса, производи, износ и време на нарачката) се чуваат најмалку 12 месеци од датумот на нарачката.

6. Права на корисникот

Корисникот има право на:

  • Пристап до своите лични податоци и добивање копија од нив;
  • Исправка на неточни или нецелосни податоци;
  • Бришење на податоците, кога тоа не е во спротивност со законска обврска;
  • Ограничување или приговор на обработката;
  • Преносливост на податоците, каде е технички изводливо.

Барањата се доставуваат на marparts26@gmail.com. MARPARTS одговара во законски предвидениот рок.

7. Безбедност

MARPARTS презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење или злоупотреба.

8. Контакт

За прашања поврзани со оваа политика, контактирајте нè на marparts26@gmail.com или 078 200 013.